Акцијата под наслов „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза“ што ќе ја спроведе ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ-Скопје,поддржана од Цивика мобилитас е инспирирана од случувањата во нашата држава во последните неколку години кои се проследени со многу протести, политички кампањи, постизборни протести и акции кои се исполнети со говор на омраза, нетрпеливост, агресија и деструкција. Тоа го поттикнува насилството и омразата меѓу граѓаните, и ги дели на разни видови на поделби. Затоа ги избравме следниве 12 градови на територијата на Р.Македонија и тоа: Скопје, Струмица, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Кочани. Главните актери и целна група се младите луѓе од младинските организации кои покрај јавната кампања и учеството на медиумите ќе делуваат акциски во нивната локална средина. Целта е да се развие медиумска кампања за развивање на свесноста кај младите и граѓаните дека говорот на омраза ги дискриминира, ги зголемува тензиите и создава социјална криза. Додека специфични цели се: да се покрене и развие поголема национална кампања во сите сфери на живеење и промоција на позитивните вредности, да се вклучат со поголема масовност млади лица кои ќе развиваат свесност дека говорот на омраза ја засилува социјалната криза во државата – превентивно делување, да се поттикне свесност и акција кај младите дека се носители на идните промени во општеството, да се развива свесност кај младите за формирање лични ставови кои ќе ги заштитат од манипулација. Ваквите цели ќе се реализираат преку следниве акции: изработка на медиумски матерјали за влијание. билборд, плакати, флаери, беџови и други печатени интересни предмети кои ќе привлечат внимание на младите, изработка на веб страна за социјална интернет кампања и комуникација, меморандуми за соработка со младински организации од наведените градови, соработка со ТВ куќи од Скопје и локалните градови, посета на општините и информирање за активностите во нивните локални средини (дебати и округли маси), тродневна обука за младински лидери на тема: „Препознавање, идентификување и примена на говорот на почитување“, изградена младинска стратегија за наминување на говор на омраза и употреба на говор на почит, печатење прирачник со младинска стратегија за говорење со почит, 12 Дебати (округла маса) во секој од наведените градови поддржано од локалните медиуми. При тоа ќе користиме разни методи преку визуелни и аудитивни средства кои ќе ја привлекуваат перцепцијата на граѓаните, предавање, презентации, дебати и интерактивни искуства, работа во групи, работа во парови, бура на идеи, креативни методи на изразување.

Резултатие кои сакаме да ги поотигнеме се: развиена кампања преку билборди, анимации, печатени матерјали и кампања на социјални мрежи. Активен пристап преку реакции, форуми и фидбек. Создадена рекламна мрежа која ќе ја промовира кампањата, создадена мрежа на младински и други организации како соработници кои ќе регрутираат млади лица за позитивно влијание врз граѓаните посебно младите на терен, размена на искуства преку дебати по градовите кои ќе вклучат и локални медиуми кои ќе поттикнуваат позитивен пристап, обучени млади лидери од младински организации за Препознавање, идентификување и справување со говорот на омраза како превенција од проширување на социјалната криза, изградена младинска стратегија која ќе произлезе од обучените младинци за поттикнување говор и однесување на почитување на различностите и прирачник за младинска стратегија: „Говори со почит.
Нашата акција и цели се промоција, заштита и практикување на слободата на здружување и изразување на граѓаните преку младите со што превентивно ќе се делува пред ескалирање на ситуацијата во државата во сериозна социјална криза.

Нашата мисија е развивање и проширување на свесноста на граѓаните да проценуваат манипулација, агресија, деструктивно однесување, користејќи го говорот на омразата, разделување и поттикнување насилство. Фокусот е на поттикнување позитивни промени, градење на позитивните вредности почитување и заедништво на целокупната мултинационална заедница испреплетена со многу други различности (верски, религиски, полови, родови, културни). Вмрежување со други организации во наведените градови и низ цела Р.Македонија.

Одржливоста е преку нашите соработници кои се грантисти на Цивика Мобилитас од споменатите градови – како и други младински организации со кои сме контактирале во текот на нашето делување со кои што ќе изградиме мрежа на соработници. Можност за вмрежување и соработка ќе придонесе да се пронаојдеме во реализирање на заедничка кауза која е приближна со нашата – позитивно влијание врз локалното население и помош при соочување со промената, посебно во промена кон повисока свесност, како и создавање превентивни мерки за избегнување на социјална криза и емири. Соработниците ни овозможуваат да ја подобриме соработката и со локалната самоуправа, која исто има интерес во унапредување на локалните капацитети. Општините ќе имаат поактивно, посвесно и посмирено локално население, ослободено од моменталните стравови кои ги носи самата криза. Значаен е пристапот и акциите што ќе ги вклучат конституентите како активни влијатели врз другите, затоа што општото и групно влиајние е најмоќно средство во споредба со индивидуалното. Интерактивното влијание создава помоќна и потрајна енергија која го активира организмот да го унапреди сопственото мислење и свесност. Таа размена продолжува преку обични собиранки, дружење, разговори, дебати, споредување со другите и сфаќање кое се менува и развива. Тоа го поттикнува личниот раст и развој кој е услов за промена и прифаќање на промената со што општеството се унапредува во својот развој. Бенефитот не доаѓа толку брзо, тоа се случува последователно откако ќе се испроцесираат сите случувања, откако ќе настане смирување на ситуацијата и текот ќе се приближи кон балансирано функционирање. Затоа оваа акција со ваква подршка и влијание токму сега е потребна да се интензивира, кога сме ан прагот на една сериозна социјална и политичка криза и нетрпеливост.

Social Network Widget by Acurax Small Business Website Designers
Visit Us On FacebookVisit Us On Instagram