Во мај 2017 година ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ започна со нова програма под лого СТОП ОМРАЗА во проект на тема: „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза“ подржан од Цивика мобилитас. Можноста да се биде волонер во ГЦ МК АСПЕКТИ им овозможува на младите активно да се вклучат и да градат искуство преку активностите на организацијата. За таа цел ќе се спроведе ОБУКА на младинци од следниве градови: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Кавадарци.

Младите кои се заинтересирани да станат да станат волонтери во ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ и да посетуваат 3 дневна обука, потребно е да ги исполнуваат следните услови:

  • Возраст над 18 години
  • Да учествувале во активности на некоја граѓанска организација – предност ако е младинска организација
  • Да имаат искуство или да поседуваат способности за координирање или воделе одредена активност како волонтери или активисти
  • Изградени вештини за логистика
  • Да се одговорни кон навремено исполнување на зададените задачи

Предност ќе имаат младите кои се:

  • студенти или дипломирани младинци oд хуманистички професии

Волонтерот ќе биде одговорен да асистира и да стекнува искуство и знаења во имплементација на активности кои се однесуваат на програма на наведената тема.Волонтерот ќе волонтира на активности со цел зголемување на свесноста на младите и граѓаните дека говорот на почитување придонесува за позитивна клима во областите на живеење, а говорот на омраза предизвикува насилство и поделби.

Волонтерот ќе биде ангажиран за 1 година со повремени активности каде трошоците ќе бидат покриени финансиски. Обуката ќе се спроведува во втората половина на септември 2017 година и ќе се реализира низ 4 работилници во текот на 3 дена со покриени трошоци за престој и пат на избраните учесници.

Заинтересираните волонтери да аплицираат најдоцна до 30 јуни и да испратат:

  • кратка биографија во која ќе се наведат и активностите во кои учествувале
  • пополнета „Апликација за волонтер во ГЦ МК АСПЕКТИ“, која може да ја најдете на линкот подолу
  • да се наведе контакт на лице кое би можело да даде индивидуална препорака или одговорно лице во здружение или организација

Избраните кандидати ќе бидат контактирани и известени. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Отворениот повик, по електронски пат, во рок од 15 дена по затворање на повикот.

Документите со назнака/предмет на пораката Отворен повик за волонтер можете да ги доставите по електронска пошта: aspekti.mk@gmail.com

Пријавете се тука >

Social Network Widget by Acurax Small Business Website Designers
Visit Us On FacebookVisit Us On Instagram