Акцијата на тема „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза” во реализација од ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ” АСПЕКТИ – Скопје подржана од Цивика Мобилитас, распишува награден конкурс на тема: СПОДЕЛИ ПОЧИТ – СТОП ОМРАЗА.

Акцијата се спроведува со цел да ги промовираме позитивните вредности, да вклучиме млади лица кои ќе развиваат свесност дека говорот на почитување не знае за граници, разлики и возрасти. Покрај трибините што ќе се одржат во 12 градови низ РМ објавуваме и награден конкурс каде младите имаат можност да бидат креативни и да снимат кратко видео каде јасно се изразува почитување со некого.
Целта е да се развие свесност и акција кај младите дека говорот на почитување предизвикува позитивна комуникација, разбирање, соработка и подобар живот.

 

Услови за учество:

  • Снимените видеа да траат најмногу до 3 мин.
  • Видеата јасно да покажуваат изразување почит
  • Видеата испратете ѓи на е-mail: aspekti.mk@gmail.com или постирајте ги на нашата ФБ страна со хаштаг #стопомраза
  • Испратете податоци со презиме, адреса и контакт телефон на авторот на видеото.
  • Учесниците не треба да бидат постари од 27 г.
  • Краен рок за пријавување е 20 Декември 2017.

Награди:

Прва награда: 4000 ден.
Втора награда: 2000 ден.
Трета и четврта награда по 1000 ден.
Сите видеа ќе бидат објавувани на нашиот вебсајт и на фејсбук страната, а наградените ќе бидат истакнати на нашата веб и ФБ страна на 31 Декември 2017 г.

Се гледаме!

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social Network Widget by Acurax Small Business Website Designers
Visit Us On FacebookVisit Us On Instagram