На 23 септември во Градскиот парк во Скопје, ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ – Скопје ќе учествува на настанот во организација на МЦМС и Цивика мобилитас „Граѓани за промени“,  денови на граѓанските организации.

Во духот на приближувањето на граѓанскиот сектор кон својот двигател – граѓаните, Цивика мобилитас го организира третиот Национален форум на кој ќе се претстават граѓанските организации со мноштво активности. Форумот ќе се одржи на 23 септември во Градскиот парк во Скопје, на Школка од 11.00 до 17.00 часот.

Во опуштена атмосфера, посетителите ќе бидат дел од работилници, презентации, проекции и изложби проследени со богата музичка програма. Организациите пак, ќе се потрудат на забавен и интерактивен начин да им ги претстават своите залагања, предизвици, проекти и досегашни постигнувања.
Семејството на Цивика мобилитас денес се состои од 208 грантисти. Сите промени кои тие ги предизвикале, големи и мали, се само дел од сложувалката наречена „граѓанско општество“.

Бидете дел од денот на граѓанските организации, покажете ја вашата желба за промени! Повелете на посета на штандот на ГЦ МК АСПЕКТИ во сабота во градскиот парк од 11-17.00 часот и поддржете ја акцијата СПОДЕЛИ ПОЧИТ-СТОП ОМРАЗА!

Facebook Event >

Social Network Widget by Acurax Small Business Website Designers
Visit Us On FacebookVisit Us On Instagram