Во просториите на ОО на ЦК Струмица на 18.10. 2017 година беше одржана младинска трибина на тема: “Стоп омраза – сподели почит”, од страна на ГЦ ” Младен Костиќ” – Аспекти Скопје, поддржана од страна на Цивика мобилитас. Трибината започна во 16.00 часот и на неа присуствуваа младинци од средните училишта во Струмица, активисти на ЦК, членови од Младинскиот совет на Струмица и претставници од здружението „Порака“. На трибината вкупно учествуваа 30 младинци.Учесниците беа запознаени од страна на м-р. Радмила Манчевска со целите на оваа младинска кампања и со активностите кои се планираат да бидат реализирани за успешно спроведување на проектот. Младите се запознаа меѓу себе со примена на активни вежби, при што без разлика на различните интелектуални капацитети, сите се прифаќаа и забавуваа. Активно учество во однос на прашањата за говорот на почитување зедоа и претставниците од здружението „Порака“ кои искажаа спремност на свој начин да го изразат почитувањето и да го одбележат денот на толеранцијата 16 ноември.

Младите дискутираа за тоа:
• Каде го среќаваме говорот на омраза?
• Во каков вид се изразува говорот на омраза и преку што?
• Кон што генерално е насочен говорот на омраза?
• Какви се последиците од користењето на говорот на омраза кај поединците, но и пошироко во општеството?

Во однос на овие прашања младите ги искажаа своите мислења и истакнаа дека говорот на омраза може секаде да го сретнеме и доста е застапен на интернет, телевизија, во училиште, на улица, на спортски натпревари и сл. Тие истакнаа дека говорот на омраза се изразува во различен вид, преку навредливи пораки, слики, видеа на интернет, во весници или на телевизија. За последиците истакнаа дека се далекусежни, така што истакнаа дека се јавуваат непријатни чувства на омаловажување, деградирање на личноста, намалена самодоверба, отуѓување од општеството, социјални конфликти и сл.

За разлика од говорот на омраза, говорот на почитување предизвикува пријатни чувства, зголемена самодоверба, разбирање, помагање, прифаќање на различностите и сл. Младите покажаа спремност за вклучување во кампањата преку активности поврзани со пишување на пораки на почитување, преку креирање на ѕид на почитување во своите средини и преку нивно промовирање на денот на толеранцијата 16 ноември, но и преку активно учество на социјалните мрежи и со вклучување во наградниот конкурс за најдобар видео спот. Сите активности кои се планирани да се реализираат во Струмица ќе бидат координирани од страна на младинскиот координатор Заге Каменчева.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social Media Integration by Acurax Wordpress Developers
Visit Us On FacebookVisit Us On Instagram